• сабота, 23 ноември 2024

„Трикафта“ почна да прима и џудистот Марио Нелоски

„Трикафта“ почна да прима и џудистот Марио Нелоски

Скопје, 19 јануари 2024 (МИА) - Лекот „трикафта“ почна да го прима и џудистот Марио Нелоски, кој 11 години се занимава со спорт.

- На три месеци по неговото раѓање, тој е дијагностициран со цистична фиброза. За него, најважно од сѐ е здравјето, но и да настапува на големи натпревари, за да докаже дека момче со оваа ретка болест може да го оствари својот сон и да направи успех што ќе се памети, пишува во фејсбук објавата на министерот на здравство Фатмир Меџити.

Тој го примил лекот деновиве на Клиниката за детски болести и како што се појаснува во објавата, Марио е во добра здравствена состојба.

- Пресреќен е што ја прими терапијата, а јас сум задоволен што го подобруваме животот на пациентите со цистична фиброза. Верувам дека повторно во иднина ќе настапува на натпревари во џудо и ќе го бодрам на трибините за освоени следни медали со кои сите ние ќе се гордееме, пишува министерот Меџити во објавата на Фејсбук. бд/бак/

Фото: Фејсбук - страница на министерот за здравство 

Остани поврзан