• понеделник, 23 декември 2024

Трето олимписко злато за норвешките ракометарки

Трето олимписко злато за норвешките ракометарки

 

Париз, 10 август 2024 (МИА) – Ракометарките на Норвешка ја освоија титулата олимписки првак, совладувајќи го попладнево домаќинот и бранител на титулата Франција во финалето одиграно во Лил со 29-21 (15-13).

Хени Ристад со осум и Кари Братсет Дејл со шест голови ја предводеа Норвешка до олимпиското злато, додека 44-годишната голманка Катрине Лунде забележа 12 одбрани. Орлан Канор со пет голови беше најефикасна кај Франција.

По рамноправното прво полувреме Норвежанките се одвоија на пет разлика на почетокот на вториот дел и не им дозволија на Французинките да се вратат во мечот. Притоа, кон самиот крај на дуелот разликата се искачи на најголемата разлика од осум голови (28-20).

За Норвешка ова е трето олимписко злато, по Пекинг 2008 и Лондон 2012 година, а петти последователен медал од ОИ, последните две изданија беа бронзени. Франција трет пат по ред играше во финале, покрај златото од Токио, сега имаат и сребро од Рио 2016 и Париз 2024 година

Претходно денеска, Данска го освои бронзениот медал откако ја совлада Шведска со 30-25 (15-13) во дуелот за третото место во Лил. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан