Треба да излеземе од прва минута за победа против Естонија, вели Димитријевиќ
- Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Димитријевиќ пред претставниците на медиумите изјави дека едвај чека да дојде мечот од квалификациите со Естонија и дека тимот ќе биде подготвен.

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Димитријевиќ пред претставниците на медиумите изјави дека едвај чека да дојде мечот од квалификациите со Естонија и дека тимот ќе биде подготвен.
-Естонија се незгодна екипа. И минатите квалификации имавме проблеми со нив, но мислам дека имаме доста квалитети, во некој налет да направиме успех и да направиме изненадување на нивниот терен. Мислам дека сме подготвени и едвај чекам да дојде денот на натпреварот, посочи нашиот најдобар кошаркар.
Верува дека заедносо Ти Џеј Шортс ќе се навикнат еден на друг и ќе направат да профункционира врската за успех на репрезентацијата.
-Мислам дека до натпреварот со Естонија ќе бидеме подготвени. Прво мислам дека треба да бидеме пофизички подготвени. Кошарката оди во тој правец, Естонија покажа дека е доста физичка екипа, што сака да трча и имаат играчи на секоја позиција, дури и евролигашки играчи. Треба да бидеме подготвени за нивната енергија и нивната физикалност и да одговориме на тоа. Мислам дека тоа е најважно. Треба да одиме со помисла дека треба да победиме, не да чекаме што ќе се случи. Треба да излеземе од прва минута за победа, заклучи Димитријевиќ. дс
Фото: Архива