• понеделник, 17 март 2025

Трајановски за МИА: Куамновската болница е подготвена за евентуален прием на пациенти од Кочани

Трајановски за МИА: Куамновската болница е подготвена за евентуален прием на пациенти од Кочани

Куманово, 16 март 2025 (МИА) - Кумановската болница е подготвена за евентуален прием на пациенти од трагедијата во Кочани, но засега нема ниту еден пациент поврзан со пожарот во Кочани, изјави за МИА, директорот на кумановската општа болница, д-р Стефан Трајановски.

Болницата, по насоки на надлежните е во подготвеност, кадровски се екипирани службите, на некои одделенија се дуплирани. Просторно има можност да се прифатат пациенти.

- Уште рано утрово нашата болница е во потполна приправност, двојно се зголемени службите на хирургија, анестезија, трансфузиологија и аптека. Сите се во приправност и сме подготвени со полни капацитет, кадровски, просторно да прифатиме пациенти од клиниките или од која било друга болница од државата. Сепак, не располагаме со централен довод на гас до болничките соби, до ургентниот центар, оперативниот блок и не можеме да обезбедиме поддршка за продолжено одржување во живот за респираторна или срцева функција, изјави д-р Трајановски.

Од Здравствниот дом во Куманово за МИА информираа дека е пратено возило со екипа во Кочани.

- Екипата веднаш беше препратена за Кочани, по дојавата од службите. Тргнаа за Кочани, рано утрово еднаш по добиената информација за пожарот, д-р Бленд Алиу. ам/бак/


Фото: МИА

Остани поврзан