• сабота, 23 ноември 2024

Трансродова затвореничка забременила две други затворенички

Трансродова затвореничка забременила две други затворенички

Трентон, 19 јули 2022 (МИА) - Трансродова затвореничка, од која забремениле две други затворенички во единствениот женски затвор во американската сојузна држава Њу Џерси, е преместена во машки затвор. Таа, инаку, е родена како биолошки маж.

Имено, Деми Мајнор, која отслужува 30-годишна затворска казна за прободување на нејзиниот поранешен старател, во јуни беше префрлена од женскиот казнено-поправен дом „Една Мејхан“ во поправниот дом за млади лица - „Гарден стејт“. Таа, притоа, се жали на кршење на нејзините права и во објава на својот блог тврди дека по преместувањето, се обидела и да се обеси. „Прифатив дека сум во машка институција, но не прифатив дека сум ништо друго освен жена, која случајно е трансродова!“, нагласи таа. Мајнор го обвини затворот дека ѝ нанел „непоправлива психолошка болка“ изложувајќи ја на овие предизвикувачки ситуации. „Не умеам да живеам како маж и одбивам кога било да им се вратам на таквите навики или однесување“, пишува таа на својот блог, жалејќи се и на тоа што новиот затвор нема клима-уред, ни кабловска телевизија и не дозволува видеоповици, како ниту ЛГБТК-групации. - „Психички не сум своја и ја губам својата суштина. Деми, која сака да се шминка и да се дружи со другарките, не смее тука“, додаде таа. Мајнор била префрлена откако било откриено дека „таа“ е одговорна за бременоста на две затворенички. Установата со 800 затворенички, инаку, почна да прима трансродови жени - вклучително и онакви на кои допрва треба да им биде извршена операција за промена на полот, по тужба минатата година. Сега има 27 транс-затвореници. Мајнор во 2020 година ја започна својата родова транзиција.  си/

Остани поврзан