• сабота, 06 декември 2025

Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг

Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг

Вашингтон, 3 јуни 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг подоцна овој месец, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит.

Зборувајќи пред новинарите во Белата куќа, таа изјави дека Белата куќа не била запознаена со намерата на Украина да почне голем напад со дронови врз воени аеродроми во Русија за време на викендот.

Ливит додаде дека Белата куќа е запознаена со извештаите дека израелската војска пукала врз палестински цивили во близина на камиони за дистрибуција на храна и хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан