Трамп: Утре ќе разговарам со Путин
- Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека планира утре да разговара си рускиот претседател Владимир Путин

Вашингтон, 17 март 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека планира утре да разговара си рускиот претседател Владимир Путин.
- Со Путин ќе разговарам во вторник. Завршена е многу работа во текот на викендот. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме војната. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека имаме многу добри шанси, изјави Трамп на новинарите во Ер Форс 1 за време на доцниот лет од Флорида до Вашингтон. ми/
фото: ЕПА