Трамп за повлекувањето на Гејц: Тој има прекрасна иднина

Вашингтон, 21 ноември 2024 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот избор за државен обвинител Мет Гејц, кој е опфатен со скандали, има „прекрасна иднина“ и покрај неговото повлекување.
Пишувајќи на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп го пофали Гејц што се тргна настрана за да избегне да биде „одвлекување“ на неговата нова администрација, додавајќи: „Мет има прекрасна иднина и со нетрпение очекувам да ги гледам сите големи работи што ќе ги направи! "
Мет Гејц деенска објави дека се повлекува од изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен обвинител по наводите во врска со федералната истрага за сексуална трговија.
Републиканецот од Флорида го објави тоа денеска. зш/