• понеделник, 21 октомври 2024

Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина

Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина

Вашингтон/Москва, 21 октомври 2024 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека нема да биде вовлечен во откривање на разговори на високо ниво, откако Волстрит Журнал (WSJ) го цитираше републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека му се заканил на претседателот Владимир Путин дека ќе ја нападне Москва во случај на инвазија на Украина.

Во интервју за весникот Трамп рече дека го предупредил Путин дека доколку тргне на Украина, тој ќе го нападне.

„Владимир, ако одиш во Украина, ќе те удрам толку силно што не можеш ни да замислиш. Ќе удрам во самиот центар на ѓаволска Москва, му го раскажал Трамп разговорот со Путин на новинарот на весникот.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека Русија ќе заземе разумна позиција и нема да ја открие содржината на разговорите на високо ниво.

-За жал, голем број светски државници не се придржуваат до тој став и не се грижат за хигиената на информациите. Тоа оди на нивна душа, рече Песков.

Песков, исто така, додаде дека „во САД, во екот на претседателската кампања, може да се слушнат многу вжештени и многу емотивни изјави, особено во последната фаза од кампањата“ за новиот станар на Белата куќа.сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан