• недела, 28 јули 2024

Трамп: Во Невада гласале непријавени гласачи

Трамп: Во Невада гласале непријавени гласачи
Вашингтон, 18 декември 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Твитер објави дека новите податоци покажуваат дека илјадници луѓе кои не се американски државјани гласале во Невада. „Тие апсолутно немаат право на глас“, напиша Трамп. Претходно овој месец, судот во Невада ја отфрли тужбата поднесена од изборниот штаб на Трамп за резултатите од претседателските избори во 2020 година, поради недостиг на докази. Во тужбата се наведени неколку наводни нерегуларности, вклучувајќи проблеми со машината што се користи за броење на гласачките ливчиња, незаконско гласање и малверзација на изборни службеници. паг/    

Остани поврзан