Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „можеби некогаш ќе биде руска“
- Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали.
![Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „можеби некогаш ќе биде руска“](https://mia.mk/index.php/images/20250211055155_big_730x400_29.webp )
Вашингтон, 11 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали.
„Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
Трамп поретходно потврди дека неговиот специјален пратеник Кит Келог, кој има задача да подготви предлог за запирање на украинскиот конфликт, наскоро ќе го посетѕи Киев. Според западни медиуми Келог би требало да биде во Украина на 20 февруари. зш/