• сабота, 06 декември 2025

Традиционалното македонско јадење „Грашалник“ од Голо Брдо на календарот за 2024 на ФУЕН

Традиционалното македонско јадење „Грашалник“ од Голо Брдо на календарот за 2024 на ФУЕН

Тирана, 22 септември 2023 (МИА) - Традиционалното македонско јадење „Грашалник“ од Голо Брдо се најде на годишниот календар за 2024 година усвоен од Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

- Посебна чест ни е што во календарот за 2024 поставено е традиционално јадење на малцинствата, а за месец февруари е традиционалното македонско јадење „Грашалник“ од областа Голо Брдо. Исто така има и информации за македонско друштво „Илинден“ и за Македонците во Албанија, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Ова, според него, е од големо значење за Македонците во Албанија бидејќи примероци од календарот биле распределени на повеќе од 200 учесници на 67. Конгрес на ФУЕН, што се одржува на почетокот на овој месец во унгарскиот град Печ.

Примероци од календарот ќе добие и секој поединец или делагација која ќе го посети седиштето на ФУЕН, но ќе биде дониран и на средбите кои раководството ќе ги има низ земјите на Европа.

- Ова е прв пат во годишен календар да има се презентира македонска особеност, каракетристика или јадење на Македонците од Албанија, што искрено е голем успех на нашето друштво и голема промоција за Македонците од Албанија низ цела Европа. Во Унијата членуваат 110 организации на малцинствата од 36 европски земји, посочи Ѓурѓај.

Според него, „Грашалник“ (пита со грав) е специјалитет кој со векови го подготвуваат македонските жени во областа Голо Брдо.

Друштвото „Илинден“ се претстави со свој штанд на кој имаше пропаганден материјал со македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник на македонски јазик „Илинден“. 

Посебно место на штандот бил отстапен за примероците од фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“, што неодамна беше промовиран во Тирана.

Македонското друштвото „Илинден“-Тирана е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. вт/ сан/

 

Фото: МИА

Остани поврзан