• среда, 25 декември 2024

Традиционалните фестивали со жива музика предизвикуваат загриженост во Грција поради можноста за ширењето на Ковид-19

Традиционалните фестивали со жива музика предизвикуваат загриженост во Грција поради можноста за ширењето на Ковид-19
Атина, 13 јули 2020 (МИА) - Поради гужвите и непочитувањето на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, загриженост во Грција предизвикуваат традиционалните фестивали со жива музика, односно таканаречените панаѓури, јави дописничката на МИА од Атина. И во изминатиот викенд се одржаа неколку такви фестивали во целата земја, присутните не само што не ја одржуваа потребната дистанца и не носеа маски, туку и играа оро, а епидемиолозите и заменик  министерот за развој, говорејќи за грчките медиуми, ја оставаат отворена можноста да се воведат дополнителни рестриктивни мерки, па дури и да се забранат во текот на летото доколку продолжи непочитувањето на правилата. Заменик  министерот за развој Никос Папатанаси за телевизијата „Open“ вели дека инспекторите, секојдневно се на терен, додавајќи дека онаму каде што ќе се забележат прекршувања, ќе се соопштат дополнителни мерки и санкции, а не ја исклучи можноста да се забранат традиционалните фестивали. Професорот микробиолог Алкивиадис Ватопулос, за грчката телевизија „Скај“ истакна дека „панаѓурите се опасни“ и ги повика локалните власти да бидат свесни за ситуацијата и да не организираат летово такви фестивали. За да се разгледа моменталната ситуација со коронавирусот во земјата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе одржи состанок со професорот епидемиолог надлежен за Ковид-19, Сотирис Циодрас и заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас. ср/сд/

Остани поврзан