• сабота, 21 декември 2024

Тошковски до полициските аташеа: Продолжуваме со интензивната полициска соработка во сите области

Тошковски до полициските аташеа: Продолжуваме со интензивната полициска соработка во сите области

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на БЈБ Александар Јанев денеска во просториите на Владата организира пригоден коктел за полициските аташеа во составот на странските дипломатско-конзуларни претставништва застапени во нашата земја.

Во своето пригодно обраќање министерот Тошковски, заблагодарувајќи се на досегашната соработка, особено во поглед на низата заеднички проекти во разни области, вредните донации во средства наменети за македонската полиција, како и многуте меѓународни обуки и тренинзи, изрази уверување дека таквото партнерство ќе продолжи и во иднина пред се во името на заедничките вредности и цели. 

-Во Новата година продолжуваме со интензивната полициска соработка во сите области, бидејќи сме дел од едно семејство и се соочуваме со слични предизвици и проблеми а се во насока на решавање и обезбедување на глобалната безбедност, им рече Тошковски на аташеата честитајќи ги претстојните Божиќни и Новогодишни празници.вј/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан