• вторник, 24 декември 2024

Тото Волф верува дека Ферари ќе може да се бори за шампионската титула следната сезона во Формула 1

Тото Волф верува дека Ферари ќе може да се бори за шампионската титула следната сезона во Формула 1
Лондон, 17 август 2021 (МИА) - Шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека Ферари ќе се бори за шампионската титула следната сезона во Формула 1. - Верувам дека Ферари ќе може да се бори за титулата во 2022 година. Следната сезона ни треба првенство со четири или пет екипи кои се борат за шампионатот, а Ферари треба да биде еден од тие тимови. Имаат силно дуо пилоти. По слабата сезона во 2020 година, тие станаа многу подобри. Колку има поконкурентни тимови, толку е поинтересно за навивачите. Кога Ферари поминува низ криза, тоа лошо влијае на целата Формула 1. Ферари е икона во светот на мотоспортот и мора да биде напред. Никој од италијанскиот тим или навивачи не заслужува лош резултат, изјави Волф за „Speedweek“. Во тековната сезона во Формула 1, Ферари е на четвртото место во поредокот на конструктори. Тимот има 163 поени. зс/

Остани поврзан