• сабота, 23 ноември 2024

Тотенхем го објави своето прво ново засилување

Тотенхем го објави своето прво ново засилување
Лондон, 11 август 2020 (МИА) - Тотенхем го привлече играчот од средниот ред Пјер-Емил Хојберг од Саутемптон. „Петлите“ и официјално го објавија својот прв летен трансфер, откако ќе платат 20 милиони фунти за играчот кој потпиша 5-годишен договор. Данецот ќе го носи дресот со број 5 во својот нов клуб. Трансферот беше финализиран откако фудбалерот денеска беше подложен на лекарски прегледи и го потпиша договорот. - Она што ми беше важно беше играње во клуб каде се гледам себеси за многу години што доаѓаат. Тоа беше Тотенхем. Јас сум многу горд, многу среќен и возбуден. Мислам дека клубот има фантастична иднина и многу сакав да бидам дел од него, сподели Хојберг по неговиот трансфер во Тотенхем. Данскиот репрезентативец има сериозно искуство во Премиер лигата и ова е една од причините зошто „спарс“ се свртуваат кон него. Тој има одиграно повеќе од 100 натпревари во англискиот шампионат за време на неговиот 4-годишен престој во Саутемптон. Хојберг (25) ја започна својата кариера во Баерн (Минхен). Тој има 17 натпревари за баварските гиганти, но не успеа да се етаблира и мина периоди на позајмица во Аугсбург и Шалке.

Тагови

Остани поврзан