• понеделник, 23 декември 2024

Томас-Гринфилд пред СБ на ОН: На повидок договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Томас-Гринфилд пред СБ на ОН: На повидок договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Њујорк, 22 август 2024 (МИА) – На повидок е прекинот на огнот во Појасот Газа и договорот за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, изјави денеска пред Советот за безбедност американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд.

Британските медиуми наведуваат дека амбасадорката Томас-Гринфилд ги повика сите 15 членки на Советот за безбедност да извршат притисок врз палестински Хамас да го прифати понудениот предлог за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

-Ова е одлучувачки момент за преговорите за прекин на огнот и за регионот и затоа секоја членка на Советот за безбедност треба да продолжи да испраќа силни пораки до актерите во регионот дека треба да избегнуваат дејствија што ќе ги одалечи од финализирањето на договорот за примирје, изјави Линда Томас – Гринфилд.

Во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, Хамас бара целосно повлекување на Израел од палестинската енклава, вклучително и повлекување од таканаречениот коридор Филаделфија, тесен дел од територијата долж јужната граница со Египет со вкупна должина од 14,5 километри.

Израел, пак, сака да ја задржи контролата врз коридорот, кој го освои кон крајот на мај, откако уништи десетици тунели за кои тврди дека биле користени за шверц на оружје во Газа.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан