• понеделник, 23 декември 2024

Бектеши на ФБ: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена

Бектеши на ФБ: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил ја објави одлуката со која која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена.

-Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што денеска е донесена и објавена во Службен весник.

Фото: Принтскрин ФБ

Остани поврзан