• петок, 15 ноември 2024

Тим се збогува со „Артур Еш“

Тим се збогува со „Артур Еш“

Њујорк, 26 август 2024 (МИА) - Шампионот од 2020 година Доминик Тим се прости од најспецијалниот терен во кариерата – „Артур Еш“ откако го одигра последниот меч на УС Опен и воопшто на Гренд слем.

Тим загуби од минатогодишниот полуфиналист Бен Шелтон во првото коло со 4-6, 2-6, 2-6 за 1 час и 52 минути, но поважна беше шансата да има последен настап на големата сцена.

Австриецот одамна објави дека 2024 година му е последна во професионалниот тенис и позитивно е што УС Опен му додели „вајлд-карта“. 

За Шелтон успехот е речиси протоколарен, откако ќе мора да се бори за да остане во топ 15, бидејќи мора да одбрани 670 поени за АТП рангкингот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан