• петок, 08 ноември 2024

Тече реконструкција на покривот на кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“

Тече реконструкција на покривот на кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“

Куманово, 30 јуни 2023 (МИА) - Интензивно се работи на санација на кровот на кумановското централно училиште „Браќа Миладиновци“, соопштија денеска надлежните од училиштето. Екипите на ангажирана компанија почнаа со санација на кровот кој протекуваше при обилни дождови во централниот објект на училиштето.

- Министерството за образование го распиша тендерот и избрана е фирма за изведување на градежните активности „Ибро Комерц“ од село Липково. МОН одвои скоро 15 милиони денари за проектот санација на кров, замена на кровниот покривач. Избрана е фирма надзор. Задоволни сме од динамиката на изведување на градежните активности. Очекуваме со санацијата да бидат опфатени таваните на училниците и ходникот кои се оштетени од влагата за да имаме безбедни услови за почетокот на новата учебна година, изјави директорката Јасмина Спасовска.

Поради протекување на кровот и несоодветни услови за изведување на наставата на третиот кат, дел од учениците од „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ кои следат настава во објектот во центарот на Куманово, со одлука на советот на родители и на советот на општина Куманово, настава следеа во други објекти, меѓу кои и во гимназијата „Гоце Делчев.

- Периодот кој следи ќе го искористиме за санација и на таваните и за варосување на внатрешноста на објектот, изјави Спасовска.

Во двете училишта има околу 2.500 ученика. ам/ир

Фото: МИА

Остани поврзан