• понеделник, 23 декември 2024

Теута Арифи на трибина за еднакви права и можности за жените

Теута Арифи на трибина за еднакви права и можности за жените

Тетово, 7 октомври 2021 (МИА) – Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат Теута Арифи вечерва учествуваше на трибината насловена „Еднаквост: Еднакви права, за еднакви можности“. Таа потенцираше дека со тоа што Тетово е меѓу првите градови во Северна Македонија што има жена градоначалник е направено достигнување за родова еднаквост.

-Ова е достигнување со кое можеме да се гордееме и е референтна точка за родова еднаквост и за модерно општество во нашата земја. Нашата цел е да го зголемиме односот на лидерските позиции на 50:50 во следните четири години. Со изградба на дневни установи низ градот, ние веќе успешно ги поддржавме жените да го комбинираат семејството со професијата. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа успешно и ќе нудиме се повеќе флексибилни можности, истакна Теута Арифи.

Таа посочи дека во иднина ќе се обиде на локално ниво да ги зголеми можностите за нови работени места кај жените

-За да ја зголемиме стапката на вработеност на жените во руралните области, ќе обезбедиме специјални програми за обука и образование за да обезбедиме можности за кариера во јавниот и приватниот сектор.Заедно со нашите училишта, универзитети и економија, ќе создадеме специјална програма за мотивирање на младите девојки и жени за техничко образование и кариера, потенцираше Арифи.

Таа истакна и дека важни се напорите за заштита на жените од семејно насилство, а како инструменти за кои се планира ги посочи анонимна телефонска линија за помош и изградба на безбедна куќа за жените во Тетово. ас/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан