Тестирање противпожарна опрема во комплексот висококатници „Џеваир сити“
- Тестирањето ќе се одвива во период од 11 до 12 часот.

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Регионалниот ЦУК - Скопје информира дека фирмата „Хаусмајстор груп“ известила за денешно тестирање противпожарна опрема во комплексот висококатници „Џеваир сити“ - во зграда А.
Тестирањето ќе се одвива во период од 11 до 12 часот.
- ЦУК известува за сервисна информација што би спречила можна локална паника. Тоа ќе биде тестирање на противпожарна опрема и нема да биде реална ситуација на територијата на општина Аеродром, се појаснува во соопштението. бд/бак/
Фото: МИА архива