Теодосиќ - МВП во регуларниот дел од сезоната 2020/21 во Еврокуп
- Плејмејкерот на италијанскиот кошаркарски клуб Виртус, Милош Теодосиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната 2020/21 во Еврокупот.

Болоња, 5 јануари 2021 (МИА) – Плејмејкерот на италијанскиот кошаркарски клуб Виртус, Милош Теодосиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната 2020/21 во Еврокупот.
Триесет и тригодишниот српски кошаркар имаше просек од 14,6 поени и 6,4 асистенции по натпревар.
Во исто време, Виртус стана единствениот тим кој не доживеа ниту еден пораз во групната фаза од сезоната (10-0).
Теодосиќ, кој исто така беше МВП во сезоната 2019/20, стана првиот играч кој оваа награда ја освои двапати. зс/