• понеделник, 23 декември 2024

Телефонски разговор Шерман – Дендијас 

Телефонски разговор Шерман – Дендијас 

Вашингтон, 4 јануари 2022 (МИА) Заменичката државен секратар Венди Шерман денеска разговараше телефонски со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас, при што била истакната важноста од промоција на солидарноста и стабилноста во Европа.  

Двајцата разговарале и за ситуацијата околу Украина и на Западен Балкан.  

Портпаролот Нед Прајс укажа дека двете земји даваат безрезервна поддршка за суверенетитетот и територијалниот интегритет на Украина. 

Шерман и Дендијас исто така ја подвлекле важноста од продолжителна координација меѓу НАТО сојузниците и партнерите, вклучувајќи и подготовка за економски мерки без преседан за Русија да биде одвратена од понатамошни воени акции и агресија, се вели во соопштението.  

Според грчкото МНР, двајцата исто така разговарале и за ситуацијата на Западен Балкан, додека Дендијас ја брифирал заменичката државен секретар за „неодамнешните провокативни изјави од страна на Турција“. кб/  

Остани поврзан