Тајсон ги започна подготовките за борбата со Џејк Пол
- На почетокот на март беше објавено дека легендарниот Мајк Тајсон ќе се соочи со Џејк Пол на 20 јули во рингот на стадионот „АТТ и Т“ во Арлингтон, Тексас.

Арлингтон, 15 март 2024 (МИА) - На почетокот на март беше објавено дека легендарниот Мајк Тајсон ќе се соочи со Џејк Пол на 20 јули во рингот на стадионот „АТТ и Т“ во Арлингтон, Тексас.
Борбата меѓу 27-годишниот Јутјубер и 57-годишниот поранешен светски шампион во бокс ќе се емитува на платформата „Нетфликс“.
Се уште не е јасно каква точно ќе биде регулативата и колку рунди ќе се борат двајцата.
Тајсон објави видео на тренинг со експертот Рафаел Кордеиро и напиша: „Прв ден е, забавата штотуку започна“. дс
Фото: Фејсбук