• вторник, 24 декември 2024

Тајванската претседателка вети засилување на одбранбените способности на островот со нови технологии

Тајванската претседателка вети засилување на одбранбените способности на островот со нови технологии

Тајпеј, 10 јуни 2023 (МИА) - Тајванската претседателка, Цаи Инг-вен, денеска изјави дека автономниот остров ќе работи на подобрување на одбранбените и спасувачките капацитети со помош на новите технологии. 

Таа додаде дека зајакнувањето на Тајван е клучно за одржување на мирот, пренесоа американските медиуми.

Цаи, исто така, вети дека нејзината влада ќе промовира политики за обезбедување поморска и гранична безбедност откако ќе ја надгледува антитерористичката вежба во југозападниот тајвански град Каосиунг.

-Колку е побезбеден Тајван, толку е побезбеден светот, нагласи таа.

Цаи овие коментари ги даде во време кога островот се соочува со растечка воена закана од Кина, која Тајван го гелда како своја непослушна провинција која, доколку е потребно, може да биде вратена со сила.

За време на денешната вежба, персоналот на тајванските безбедносни сили демонстрираше како ќе се бранат од терористички акти на море. 

Тајван и Кина се разделени од 1949 година, по граѓанската војна што заврши со преземање на контролата врз континенталниот дел од страна на владејачката Комунистичка партија. Островот никогаш не бил дел од Народна Република Кина, но Пекинг тврди дека треба да се обедини со копното.

Пекинг, исто така, ги засили своите напори да ги придобие дипломатските сојузници на Тајван, откако приврзаничката на тајванската незвисност Цаи стапи на функцијата во 2016 година. Во март, Хондурас воспостави официјални односи со Кина, со што стана последната во низата земји кои ги прекинаа дипломатските врски со Тајван.

Претседателката на Хондурас Ксиомара Кастро вчера пристигна во Шангај во својата прва посета по воспоставувањето на дипломатските врски. сд/

фото: архива

Остани поврзан