• среда, 17 декември 2025

Тајани во Вашингтон на разговори со Рубио за Украина, царини и билатерални односи

Тајани во Вашингтон на разговори со Рубио за Украина, царини и билатерални односи

Вашингтон, 15 јули 2025 (МИА) – Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани пристигна во Вашингтон, каде што ќе оствари низа средби со високи американски функционери, меѓу кои и со државниот секретар на САД, Марко Рубио, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Во текот на посетата, Тајани ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешни работи во Сенатот на САД, сенаторот Џим Риш, како и со американскиот трговски претставник Џејмисон Гриер.

Меѓу темите на разговор се очекува да бидат билатералните односи меѓу САД и Италија, трговските царини, како и актуелните меѓународни кризи, вклучително и војната на Русија против Украина.

Покрај политичките средби, Тајани ќе одржи разговори и со претставници на деловната заедница, како и со членови на италијанско-американската заедница во САД. ссм/

фото: архива

Остани поврзан