• среда, 27 ноември 2024

Тачи: ДПА во понеделник ќе потпише коалициски договор со ДУИ

Тачи: ДПА во понеделник ќе потпише коалициски договор со ДУИ

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - Претседателот на ДПА, Мендух Тачи најави дека новиот политички договор со ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети ќе биде потпишан во понеделник. Договорот, како што вели, е резултат на долги разговори и идеја која постепено се обликуваше во последните две години.

Лидерот на ДПА посочува дека договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, а има  и планови за соработка со турските и босанските партии како и со неколку  здруженија.

-Денеска со господинот Ахмети го склучивме договорот кој ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата во Тетово. Имавме долги разговори, ова беше идеја на господинот Ахмети од пред две години. Оваа идеја полека созрева меѓу ДУИ и ДПА. Во понеделник ќе потпишеме договор и со Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа. Планираме да ни се приклучат и турска, босанска партија како и неколку здруженија, рече Тачи во вчерашното гостување во емисијата Дебат плус на Клан Македонија. вј/

 

Фото: Клан Македонија

Остани поврзан