• среда, 25 декември 2024

Тардиф втор Французин на претседателското место на Светската хокеј федерација

Тардиф втор Французин на претседателското место на Светската хокеј федерација
Санкт Петербург, 25 септември 2021 (МИА) - Шефот на Француската федерација за хокеј на мраз, Лук Тардиф, денес е избран за нов претседател на Светската хокеј федерација (IIHF) на конгресот во Санкт Петербург. Тој победи во четвртиот круг од изборите пред претседателот на Германската хокеарска унија Франц Рејндл. Тардиф го наследи Швајцарецот Рене Фасел, кој ја извршуваше оваа позиција од 1994 година, како шеф на Меѓународната федерација. Шеесет и осумгодишниот функционер е родум од Канада и има две државјанства. Тардиф се пресели во Европа на 22 -годишна возраст. Како играч, долго време играше за француските клубови Шамони и Руан. Од 2006 година, Тардиф ја предводеше Француската федерација за хокеј на мраз. Тардиф е вториот француски претставник што води меѓународен хокеј на мраз. Првиот беше Луј Магнус, кој ја предводеше меѓународната федерација веднаш по нејзиното создавање во 1908 година. зс/

Остани поврзан