• четврток, 30 јануари 2025

Таравари: Мицкоски беше против Коридорот 8 и Преспанскиот договор, но ги прифати, ќе ги прифати и уставните измени, но бара гаранции

Таравари: Мицкоски беше против Коридорот 8 и Преспанскиот договор, но ги прифати, ќе ги прифати и уставните измени, но бара гаранции

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари денеска истакна дека премиерот Христијан Мицкоски бил против продолжувањето на изградбата на Коридорот 8 и Преспанскиот договор но посочи дека ги прифатил. Потенцира дека и уставните измени ќе ги прифати, но, како што рече, Мицкоски сака некакви гаранции.

-Беше против Коридорот 8, но денеска се работи посилно од кога било. И за Преспанскиот договор имаше противење, но тој денес го прифати Преспанскиот договор. Третата работа што треба да го направи г. Мицкоски, а јас се надевам дека ќе ја направи, ме радува фактот дека тој е убеден и сигурен 100 проценти дека ние секако дека треба да одиме на патото кон ЕУ. Сега имаше избори во САД, имате во предвид дека, тој има блиски пријатели кои се блиски со претседателот Трамп. Но и во Бугарија немаше влада до пред една недела, бидејќи и за да се движат овие работи, треба да имаш некого од другата страна со кого да преговараш. Така што, многу сум среќен и сигурен дека г. Мицкоски сака и е сигурен дека ние треба да ги почнеме преговорите, но и тој сака некакви гаранции, рече Таравари на денешното гостување во „Daily Click“ на ТВ21.

Таравари нагласи дека бараат една година за да се изгласаат уставните измени. Тој потенцираше дека ВЛЕН ќе иницира што побрзо да се донесат уставните измени. фф/ев/

Фото: Принтскрин од видео

 

 

 

 

Остани поврзан