Суперкупот за кошаркарките на Баскет Кам 2011
- Кошаркарките на актуелниот македонски шампион Баскет Кам 2011 го одбранија трофејот во Суперкупот, откако вечерва го совладаа составот на МЗТ Скопје Аеродром во 102-52.

Скопје, 23 септември 2023 (МИА) – Кошаркарките на актуелниот македонски шампион Баскет Кам 2011 го одбранија трофејот во Суперкупот, откако вечерва го совладаа составот на МЗТ Скопје Аеродром во 102-52.
Тимот од Македонска Каменица доминираше во текот на целиот натпревар во СРЦ „Кале“ во Скопје и заслужено дојде до својата втора Суперкуп титула во клупската историја.
Најефикасна во редовите на Баскет Кам 2011 и воедно на натпреварот беше Динева со 25 поени.
Во машкиот Суперкуп вечерва, исто така, во СРЦ „Кале“ ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010. ег/хс/
Фото: Фејсбук