• вторник, 17 март 2026

Судири помеѓу Хезболах и израелските сили во јужен Либан

Судири помеѓу Хезболах и израелските сили во јужен Либан

Бејрут, 16 март 2026 (МИА) – Либанската Национална новинска агенција (ННА) денеска јави за судири помеѓу Хезболах и израелските сили во јужниот дел на Либан.

Судирите се случуваат во оската Одаисе – Тејбе, како и во погранични градови Јарун и Марун ал Рас.

„Непријателот се обидува да навлезе на либанска територија под баражен оган и пукање“, објави ННА.

Претходно, Израел соопшти дека продолжува со нападите врз Либан, но оти е отворен и за евентуални преговори со либанската влада. Амбасадорот на Израел во Обединети нации, Дени Данон истакна дека преговорите се ефикасни „само кога ќе ги ослабите можностите на вашиот непријател“. ми/ссм

фото: МИА архива

Остани поврзан