• петок, 26 јули 2024

Сува трева гореше на повеќе локации во кумановско, изгаснат пожарот во Бељаковце и липковско

Сува трева гореше на повеќе локации во кумановско, изгаснат пожарот во Бељаковце и липковско

Куманово, 13 септември 2023 (МИА) - Екипите што дежураа на пожарот во Бељаковце се вратени и пожарот е изгаснат, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Куманово и од Центарот за управување со кризи.

- Екипите се вратија и пожарот е целосно изгаснат. Покрај противпожарни екипи од Куманово во гаснењето се вклучија екипи од Старо Нагоричане и од Ранковце, секако и трите ЕР трактори од Дирекцијата за заштита и спасување и армискиот и полицискиот хеликоптер, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Инаку, овој пожар избувна во 16 часот завчера, а беше изгаснат во 19. 20 часот. Нискостеблеста шума, стрништа и сува трева гореа повеќе од ден и половина.

Кумановските пожарникари интервенираа и во село Градиште, во населба Карпош, село Никуљане, село Градиште каде гореле сува трева и стрништа.

Во липковско кај село Никуштак гореше нискостеблеста шума во чие гасење се вклучија екипи на „Национални шуми“ како и пожарникари.

Екипа на противпожарна единица интервенирала и на опожарен автомобил во село Доброшане.ам/дма/


Фото: ЦУК

Остани поврзан