• недела, 01 септември 2024

„Струмичка корида“ и „Струмички глуварчиња“ учествуваа на карневалот во Панчево, Србија

„Струмичка корида“ и „Струмички глуварчиња“ учествуваа на карневалот во Панчево, Србија

Струмица, 18 јуни 2023 (МИА) - Карневалските маски „Струмичка корида“ на ООУ „Видое Подгорец“ и „Струмички глуварчиња“ на СОУ „Димитар Влахов“ уествуваа на на 21. Меѓународен карневал во Панчево, Србија, кој се одржа вчера и завчера.

Како што информираа од Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, двете карневалски групи биле дел од карневалската поворка во која учествувале 30 групи.

-Преку посебното претставување на странските групи, ден пред главната карневалска вечер, домаќинот на карневалот им даде неповторлива можност со кореографските настапи да се претстават во најдобро светло, меѓу кои и нашите и да го свртат вниманието на домашната публика врз раскошните креации на карневалските маски со кои настапија, инфомираа од Струмичкиот карневал.

Инаку, и двете маски освоија награди на годинашниот Интернационален струмички карневал и повеќе пати досега учествуваат на карневали во странство. рт/дма/

Фото: Струмички карневал

Остани поврзан