• петок, 05 декември 2025

Сто непрописно паркирани возила отстранети минатата недела во општина Центар

Сто непрописно паркирани возила отстранети минатата недела во општина Центар

Скопје, 11 август 2025 (МИА) – Во периодот од 3 до 10 август годинава, Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ), во соработка со СВР Скопје – Сообраќајна полиција, спровеле засилени контроли за непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар.

Со помош на специјалните возила „пајак“, како што информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар, биле отстранети вкупно 100 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека контролите ќе продолжат и понатаму со ист интензитет, со цел зголемување на безбедноста и проточноста на сообраќајот. Тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат возилата само на дозволени места, за да се обезбеди слободен и безбеден простор за пешаците, велосипедистите и сите учесници во сообраќајот. дма/

Фото: ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан