• сабота, 23 ноември 2024

Стојанов: Се решава децениски проблем од комунална изградба во Неготино 

Стојанов: Се решава децениски проблем од комунална изградба во Неготино 

Неготино, 27 јуни 2023 (МИА) - Се решава децениски проблем од комунална изградба во Неготино, го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.  

- Започнуваме со решавање на децениски проблем, комплетно ќе се уредува УЗ 5.1

Со години наназад тотално беа игнорирани барањата на овдешните жители за преземање активности од локалната самоуправа за надминување на нивните проблеми. Токму затоа, а со цел за решавање на деценискиот проблем со кој се соочуваат жителите на Неготино кои живеат во тој дел на градот, општина Неготино распиша јавен тендер за комплетно уредување на УЗ 5.1, соопшти градоначалникот.  

Тој појасни дека согласно основните проекти, предвидено е поставување на атмосферска канализација заедно со монтажа на канализациони полиетиленски шахти и изведба на улични сливници, поставување на улично осветлување во должина од 1.020 метри, на водоводни линии и изведба на армиранобетонски шахти, на фекална канализација со изведба на куќни приклучоци во  шахтите. Тој нагласи дека проектот опфаќа и комплетно асфалтирање на новопроектирани улици во УЗ 5.1 на површина од 2.809 квадратни метри. свд/аа/

Фото : градоначалник Горан Стојанов 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан