Стојановска: СДСМ го повлече предогот Љубомир Јовески да биде уставен судија, повеќе не им е од корист
- Денес СДСМ ја повлече кандидатурата на Љубомир Јовески за уставен судија.Главниот политички егзекутор, слепиот послушник и заштитникот на криминалот на власта во изминатите 6 години си ја заврши работата, а штета за тоа претрпе најмногу македонското судство. По 2 и пол години и 25 продолженија на матичната комисија во Собранието и по еклатантно кршење и газење на Деловникот сега СДСМ глумејќи одговорна партија се откажа од Јовески.

Скопје, 24 јануари 2024
Нов ден, нов театар од страна на СДСМ.
Денес СДСМ ја повлече кандидатурата на Љубомир Јовески за уставен судија.Главниот политички егзекутор, слепиот послушник и заштитникот на криминалот на власта во изминатите 6 години си ја заврши работата, а штета за тоа претрпе најмногу македонското судство.
По 2 и пол години и 25 продолженија на матичната комисија во Собранието и по еклатантно кршење и газење на Деловникот сега СДСМ глумејќи одговорна партија се откажа од Јовески.
Причината за овој театар е едноставно. Љубомир Јовески повеќе не е им е потребен бидејќи здачата за која што беше поставен си ја исполни, а со тоа криминалите на СДСМ и ДУИ 6 години беа заштитени.
Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата веќе 6 години во сите свои настапи и дискусии во Собранието но и по медиумите кажуваме дека овој човек е канцерот на македонското судство, во чиј мандат довербата во судството ја достигна нулата.
Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј непокренати обвиненија, скриени предмети, смешни и бизарни пресуди, ослободување на криминалци и уште многу партиски нарачани одлуки и пресуди.
СДСМ веќе нема никаква корист од Љубомир Јовески и исто као и со Катица Јанева и Вилма Русковска се одрекуваа од овој човек за повторно да си ги заштитат партиските интереси.
Доаѓа време на ревизии, на преиспитување на многу одлуки и решенија, но најбитно од се доаѓа време за одговорност на сите злодела и криминали што се случуваа во изминатите 6 години.
Одговорност ќе има и за оние што правеле криминали но и за оние кои што требаше да ги спречат истите, а ги штитеа.
Дафина Стојаноска, пратеник на од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива