• понеделник, 18 ноември 2024

Стипендии за млади истражувачи од фондација во Јапонија

Стипендии за млади истражувачи од фондација во Јапонија

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио известува за можноста за добивање стипендија од Matsumae International Foundation (MIF) за млади истражувачи кои бараат можности за истражување во Јапонија во различни области.

-Приоритет се дава на природните науки, медицина и инженерство.Стипендијата се однесува за период од три до шест месеци, во периодот меѓу април 2024 и март 2025 година, објави Министерството за образование и наука.

Рокот за пријавување е од 1 април до 1 јуни 2023 година.

-Од нејзиното основање во 1979 година, оваа фондација има покането во Јапонија околу 870 истражувачи од повеќе од 120 земји во светот, наведува МОН. хс/аа/

Остани поврзан