• сабота, 21 февруари 2026

Стеф Кари демантира скорешен крај на кариерата

Стеф Кари демантира скорешен крај на кариерата


Њујорк, 20 февруари 2026 (МИА) – Американскиот кошаркар Стеф Кари ги отфрли шпекулациите дека наскоро ќе стави крај на кариерата.
„Ќе го објавам тоа кога ќе дојде време за пензионирање, што не мислам дека ќе биде наскоро“, рече 37-годишниот кошаркар на НБА лигашот Голден Стејт, во интервју за списанието „Пипл“.
„Размислувањето за крајот ве оддалечува од сегашноста. Уживам во целото искуство со кошарката и целата работа што е вложена во неа. Се надевам дека ќе ме однесе далеку“, додаде Кари.
Стеф Кари е дел од Голден Стејт од 2009 година, кога беше избран на драфтот на НБА. Оттогаш освои четири НБА шампионски титули во 2015, 2017, 2018 и 2022 година и го предводеше тимот на САД до златен медал на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Оваа сезона, Кари има просек од 27,2 поени, 4,8 асистенции и 3,5 скокови по натпревар. ег
ФОТО: Архива

Остани поврзан