• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стармер: Русија мора да се соочи со уште построги санкции

Стармер: Русија мора да се соочи со уште построги санкции

Париз, 27 март 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека напредокот на „коалицијата на подготвените“ за поддршка на Украина е очигледен преку растечката политичка волја, зголемувањето на бројот на учесници и ентузијазмот за заедничка акција.

- Јасно е дека има политички напредок во однос на динамикат“, истакна тој, по завршувањето на Самитот во Париз.

Стармер предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин повторно се враќа на старите методи на дејствување и дека е неопходно зголемување на економскиот притисок врз Москва.

- Учесниците на самитот беа цврсто обединети во ставот дека сега не треба да се попушта или да се укинуваат досегашните санкции, нагласи тој.

- Напротив, сега е време да ги зајакнеме санкциите против Русија, заклучи британскиот премиер. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан