• среда, 27 ноември 2024

Став на „Вреди“ за Меморандумот помеѓу Владата и ЗЕЛС

Став на „Вреди“ за Меморандумот помеѓу Владата и ЗЕЛС

Скопје, 14 август 2024

По 23 години стагнација, децентрализацијата конечно се реализира. Денеска сакаме да го изразиме нашето задоволство од потпишувањето на Меморандумот за соработка и разбирање помеѓу Владата и Здружението на општини – Заедницата на Единиците на Локалната Самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС). Овој Меморандум е важен чекор кон зајакнување на децентрализацијата и развојот на системот на локалната самоуправа во нашата земја.
Коалицијата ВЛЕН секогаш била силен поддржувач на процесот на децентрализација, гледајќи го како една од основните столбови на нашиот владин програм.

Веруваме дека длабока и ефективна децентрализација е клучна за зајакнување на локалната демократија и подобрување на услугите за граѓаните. Меморандумот, кој претставува заеднички ангажман за пренос на поголеми надлежности и ресурси на локалните нивоа на управување, е јасен доказ за нашата посветеност за постигнување на овој цел. Ние ја поздравуваме одлуката за креирање на годишен програм на приоритетни активности и формирање на заеднички комисии кои ќе вклучуваат надворешни експерти и претставници на администрацијата. Овој инклузивен и аналитички пристап ќе помогне во адресирањето на реалните потреби на општините и ќе придонесе за подобрување на ефикасноста и транспарентноста во управувањето со јавните ресурси.

Клучен елемент на Меморандумот е ангажманот за обезбедување поголеми буџетски средства за општините, базирани на приходите од даноците и ДДВ. Коалицијата ВЛЕН силно ја поддржува оваа стратегија и ја гледа како можност за зајакнување на единиците на локалната самоуправа и помош во развојот на капитални инвестициони проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата и квалитетот на животот за нашите граѓани.

Дополнително, ние сме задоволни што овој Меморандум вклучува ангажман за консултации со ЗЕЛС во врска со сите можни промени во прописите за урбанистичко
планирање и изградба. Ова ќе обезбеди дека процесите на законски и регулаторни промени ќе бидат во хармонија со потребите и реалностите на локалните средини. 

Коалицијата ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува и следи примената на овој Меморандум со внимателност и посветеност. Ние сме уверени дека преку оваа тесна и искрена соработка, ќе постигнеме одржлив и фер развој на сите нивоа на управувањето во Република Северна Македонија.

 Коалиција „Вреди“

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан