• петок, 27 декември 2024

ССК потпиша Меморандум за соработка со Meѓународен Центар за Трговија (ITC)

ССК потпиша Меморандум за соработка со Meѓународен Центар за Трговија (ITC)

Скопје, 5 август 2023 (МИА) - Сојузот на стопански комори (ССК) и Меѓународниот центар за трговија потпишаа (ITC) на состанок во Скопје потпишаа Меморандум за соработка. Меѓународен центар за трговија е организација фокусирана на решавање на техничките бариери во трговијата, усогласеноста со синџирот на снабдување, следливоста и транспарентноста на синџирите на снабдување, со фокус на „де-ризикување на синџирот на снабдување“. 

На средбата присуствуваа претседателот на ССК Трајан Ангелоски, потпретседателите Сашо Дукоски и Горан Ѓорѓиевски, Загорка Блажевска директор на Вита Нова и Тристан Еванс, заменик претседател на ITC ( nternational Trade Council), а свое видео обраќање имаше и Џејмс Семјуел Јорк Главен извршен директор на ICTTM (The International Centar of Trade Transparency Limited.

Како што соопшти ССК, ITC активно развива систем фокусиран на вештачка интелигенција наречен ADAMftd („Напредна анализа на податоци и моделирање за податоци за надворешна трговија“) што ќе користи милијарди историски и трговски податоци во реално време за да ја предвиди иднината на трговијата, а бизнисите ќе имаат пристап до податоците за клиентите и конкурентите, вклучувајќи ги платените цени, историјата на трансакциите, податоците за понудата и побарувачката и можностите за предвидување, за да одговори на овие предизвици. По завршувањето на првата фаза од развојот на ADAMftd, ITC има намера да направи приоритетна инвестиција во Северна Македонија.

ITC, како што се наведува, го препознава растечкото економско значење на Северна Македонија како важен центар за синџирите на снабдување, можноста за моделирањето и автентикацијата на синџирот на снабдување. Сојузот на стопански комори прв во регионот се приклучува кон Меѓународниот трговски совет (ITC), кој за компаниите е одлична можност за проширување на својот глобален досег и да ги зголемат своите меѓународни трговски можности со новите глобални прописи и можностите за отворени пазари за трговија, вмрежување и конекции со потенцијални партнери. ев/

 

Остани поврзан