• понеделник, 23 декември 2024

Средношколски глас не се согласува со постигнатиот компромис за државната матура

Средношколски глас не се согласува со постигнатиот компромис за државната матура
Скопје, 15 февруари 2021 (МИА) - Средношколски глас не се согласува со договорот помеѓу Сојузот на средношколци и Владата за државна матура со два екстерни и два интерни испита и проектна задача. Смета дека тој не е поволен за средношколците и дека е постигнат „во затворен круг и без консултации со пошироката средношколска јавност“. - Договорот кој го постигнаа, најверојатно по партиска наредба, не е ништо освен дополнително потценување на средношколците. Се залагаа за кратење на испитите, но ништо не се исполни. Новиот концепт не го намали материјалот или бројот на испитите, реагира Средношколски глас во допис до медиумите. Во реакцијата се посочува дека нивното барање е да се намали бројот на испитите на два eкстерни и проектна задача и да се организираат дополнителни часови за дообучување поради, како што велат, неквалитетната настава која се реализира онлајн.  Средношколски глас на 11 декември 2020 организираше протест пред Министерството за образование и наука и со повик  „Стоп за државната матура“ и бараа укинување на матурскиот испит и за оваа генерација матуранти, како и за минатогодишната, затоа што, како што тогаш изјавија нивни претставници, епидемијата се уште трае и наставата се реализира на далечина. хс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан