• понеделник, 20 јануари 2025

Средби на Гаши во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција

Средби на Гаши во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши и пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, остварија средба со Брис Рокфеј, директор на Директоратот за Континентална Европа, Рене Троказ, специјален претставник за Балканот и Маргерит Коста де Борегар, директор за Западен Балкан при Министерството за Европа и надворешни работи на Француската Република.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во фокусот на разговорите биле теми поврзани со билатералните односи меѓу двете држави, актуелниот статус на евроинтеграциите, економската соработка и регионалните прашања.

Од француска страна било изразена целосна поддршка за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, но и на целиот регион и свесност за значењето на овој процес од геополитички причини.

-Од наша страна, беше побарано поголем аганжман на земјите основачи на Унијата за забрзување на овој процес, поддршка и помош на реформите и поголемо присуство на странски инвестиции во земјата, се посочува во соопштението од Собрание. фф/дма/

Фото: Собрание

Остани поврзан