• вторник, 24 декември 2024

Средба на Шаќири со претставници на компании и училишта во Струга во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“

Средба на Шаќири со претставници на компании и училишта во Струга во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“
Струга, 18 февруари 2022 (МИА) – Дијалогот меѓу Министерството за образование и наука, компаниите, општините и училиштата покажува дека се развива свеста кај компании да учествуваат во образовниот процес и самите да го обликуваат својот кадар според сопствените работни процеси, механизацијата, алатите и опремата што ја поседуваат. Овој е заклучокот од денешната средба во Струга на претставници на компании и образовни институции со министерот за образование и наука Јетон Шаќири во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“. Според ресорниот министер, целта на кампањата е унапредување на средното стручно образование и креирање на уписните политики според потребите на пазарот. - Со компаниите, општините и училиштата дискутираме за утврдување на потребите за одредени стручни кадри од овој регион и воведување соодветни струки и профили во средните училишта, кои заедно со низа други мерки и стимулации, како доделување стипенди и гарантирано работно место по дипломирањето, би ги привлекле младите да се запишат во стручното професионално образование, истакна Шаќири. Тој забележа зголемен интерес кај бизнис секторот да учествува во образовниот процес во средните училишта. Со почетокот реализацијата на проектот, која почна од минатата година, смета дека повеќе деца се запишалена  стручно образование. Наташа Јаневска од Стопанска комора на Северна Македонија заклучи дека реализацијата на кампањата покажува оти образованието и стопанството не се веќе два различни процеси, туку еден и меѓусебно се надополнуваат. Според анализите на Стопанската комора, 65 отсто од компаниите имале недостаток на стручен кадар. - Комората од 2016 година говори дека дуалното образование е најбрзиот и најефикасниот начин за обезбедување на кадарот, вршиме вмрежување со компаниите каде што учениците одат да реализираат практична обука. Покрај тоа учествува и во сертифицирање на менторите тоа значи дека вработените кои се во самата компанија одат да тридневна обука кадешто се обучуваат ги подготвуваат учениците за да можат да ја реализираат практичната обука и ја верификуваат компанијата за да можат да ја вршат и реализираат практичната обука, истакна Јаневска. Годишните анализи на Стопанската комора, според неа, покажуваат дека 65 отсто од компаниите имаат недостаток на работна сила, најмногу за занимања со мануелна работа, односно трето ниво на квалификација или занимања од тригодишните струки, потоа касапи, заварувачи, бравари, електричари, електормонери. Од четиригодишните струки недостасуваат машинските техничари, градежните техничари и ѕидари и гипсер монтери. Во високото образование најбарани се од ИТ секторот.сс/фф/

Остани поврзан