• среда, 25 декември 2024

Средба на Спасовски со еврокомесарката за внатрешни работи Јохансон

Средба на Спасовски со еврокомесарката за внатрешни работи Јохансон
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - На маргините на Берлинскиот процес, со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон разговаравме за досегашниот напредок на Република Северна Македонија во однос на правдата, слободата и безбедноста на државата, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. Спасовски напиша дека со особено задоволство ја информирал Јохансон дека Владата на Република Северна Македонија го прифати усогласениот текст на Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС). - Воедно, ја информирав еврокомесарката Јохансон дека договорот којшто го парафирав во 2018 година, конечно ќе биде потпишан на македонски јазик, без додавки, објави Спасовски. Тој упатил благодарност до еврокомесарката Јохансон за континуираната поддршка на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи. - Остануваме посветени на спроведување на Планот за борба против корупцијата, како и на усогласување на македонското со европското законодавство, особено за поглавјата 23 и 24, коишто се во надлежност на МВР, напиша на фејсбук министерот Спасовски. цр/са/

Остани поврзан