• недела, 28 јули 2024

Средба на претседателот Пендаровски со Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Средба на претседателот Пендаровски со Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Скопје, 26 април 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Весна Мојсова – Чепишевска.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, се разговарало за активностите во однос на работењето на лекторатите по македонски јазик, како и за плановите за проширување на мрежата на лекторати. 

Мојсова – Чепишевска го информирала претседателот Пендаровски за подготовките за одржување на 55-тата Летна школа на семинарот.

Претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на Меѓународниот семинар во проучувањето и изучувањето на македонскиот јазик и неговата афирмација во светот. дма/лв/

Остани поврзан