• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Чупи со претседателот на МАЕИ, Стерјовски

Средба на министерот Чупи со претседателот на МАЕИ, Стерјовски
Тирана, 1 јуни 2022( МИА) - Македонскиот министер за дијаспора, Џемаил Чупи, за време на престојот во Тирана оствари средба со Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) и друштвото „Сонце“, како и поранешен пратеник во албанскиот парламент.
Стерјовски го информирал министерот за активностите на партијата, друштвото и за претстојниот попис на населението во Република Албанија, што ќе се спроведе во октомври годинава, како и за потребата за уште поголема поддршка од страна на матичната земја  во зачувувањето на националниот и културен идентитет на македонското малцинство во Р. Албанија.
Од своја страна Чупи ја  истакнал заложба на неговиот кабинет за идна соработка со сите македонски здруженија во Албанија, особено во делот на културата, образованието, издаваштвото и изучувањето на мајчиниот јазик.
Подготвеност за поддршка на сите идни активности на амбасадата во делот на финансирање на македонските друштва Чупи ја искажал и на средбата со амбасадорот Данчо Марковски.
- Со амбасадорот Марковски  разговаравме  за работата и активностите на ДКП при што амбасадорот истакна дека амбасадата во овој период освен билатералните односи и редовните конзуларни работи, реализира повеќе проекти од областа на културата со цел зачувување на културниот и националниот идентитет на македонското национално малцинство во Албанија, објави министерот Чупи на Фејсбук. вт/ар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан