• недела, 17 ноември 2024

Средба на министерот Муртезани со регионалниот програмски директор при Германското друштво за меѓународна соработка, Оберхубер

Средба на министерот Муртезани со регионалниот програмски директор при Германското друштво за меѓународна соработка, Оберхубер

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска остварил средба со Давид Оберхубер, регионален програмски директор при Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), на која се разговарало за тековниот статус на неколку клучни проекти кои се дел од германската развојна соработка.

Во фокусот на разговорите биле билатералниот проект „Поддршка на преговарачките структури за интеграција во ЕУ на Северна Македонија“ и регионалниот проект „Регионална соработка за ЕУ интеграција“.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања, министерот Муртезани изразил благодарност за континуираната германска поддршка, нагласувајќи дека Германија и Северна Македонија негуваат силни стратешки билатерални односи, кои се карактеризираат со тесна политичка соработка, блиски економски врски и динамична културна размена.

- Тој укажа на значајната улога што германската развојна помош ја има години наназад во Северна Македонија, особено во клучните области на соработка како владеење на правото, економскиот развој и регионалната соработка, особено преку платформите како Берлинскиот процес, се вели во соопштението.

Директорот Оберхубер ја реафирмирал посветеноста на GIZ за поддршката за европскиот пат на Северна Македонија, особено преку тековните билатерални и регионални проекти. Во тој контекст бил истакнат регионалниот проект што има за цел да го поддржи ЕУ интегративниот процес на земјите од Западен Балкан.

На средбата било констатирано дека овој проект претставува вредна платформа за размена на искуства и научени лекции во процесот на пристапување кон ЕУ.

Муртезани и Оберхубер се согласиле дека постоечките проекти се важни столбови за европската интеграција на Северна Македонија, и дополнително го потенцираа значењето на континуираната соработка помеѓу GIZ и Министерството за европски прашања. цр/са/

Фото: Министерството за европски прашања

 

Остани поврзан