• петок, 08 ноември 2024

Средба на министерката Божиновска со заменик шефот на мисија на Италија во Македонија Де Роса и претставници на Италијанската банка за развој

Средба на министерката Божиновска со заменик шефот на мисија на Италија во Македонија Де Роса и претставници на Италијанската банка за развој

Скопје, 30 октомври 2024 

Денес остварив средба со заменик шефот на мисијата на Италијанската амбасада во Македонија г-дин д-р Марио Де Роса и претставници на Италијанската банка за развој (ЦДП - Cassa Depositi e Prestiti), која преку својот пристап до фондовите на WBIF, кој имаат за цел да се зајакне социо-економскиот развој на регионот и да придонесе за европската перспектива на Западен Балкан, обезбедува инвестициски грантови и техничка помош посебно на компании во државна сопственост, а за таа цел отворена е и канцеларија во Белград, наменета за целиот регион на Западен Балкан.

Соговорниците подетално ме запознаа со нивните активности и деловната стратегија што ќе ја спроведат со цел да се обезбеди поддршка на јавниот и приватниот сектор во нашата земја во областа на одржливиот и инклузивен развој. Се разговараше за потенцијалот за соработка во повеќе области, со посебен фокус на енергетиката и зелената транзиција.

Министерство за енергетика рударство и минерални суровини

_________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Министерство за енергетика рударство и минерални суровини

Остани поврзан